Selçuk Buğra Gökalp
16 Март 2023•Ажурирај: 17 Март 2023
АНКАРА (АА) - Фудбалскиот сојуз на Шведска го објави списокот на играчи што ќе учествуваат во квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против Белгија и Азербејџан. Во списокот е вклучен и искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, пренесува Анадолу.
Ибрахимовиќ (41) по подолга пауза се враќа во шведската репрезентација. Неговиот последен настап беше на натпреварите што се играа за пласман на Светското првенство во Катар.
Јане Андерсон, селекторот на шведската репрезентација, изјави дека Ибрахимовиќ е во пристојна форма.
Напаѓачот на Милан во мај минатата година го оперираше левото колено и не беше во можност да игра сѐ до минатиот месец.
Ибрахимовиќ, кој е најдобриот стрелец на сите времиња на Шведска, настапи на 121 натпревар за својата репрезентација, постигнувајќи 62 погодока.