Hüseyin Burak Demirer
25 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ПЈОНГЧАНГ (АА) - Норвежанката Марит Бјорген победи во 30-километарската трка во нордиско трчање и го освои рекордниот 15. олимписки медал во кариерата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бјорген беше фантастична, и со речиси две минути предност победи во последната дисциплина на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Денешното злато е вкупно 15. медал кој го има освоено Бјорген во кариерата, со што не може да се пофали ниту еден друг олимпиец во светот. 37-годишната Бјорген е единствената спортистка која во Пјонгчанг освои пет медали.
Среброто го освои Финката Криста Пармакоски, а со бронза се закити Швеѓанката Стине Нилсон.