Abdulkadir Karakaya
08 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Извлечени се групите на земјите учеснички на Европското првенство во кошарка ФИБА 2021 за жени што од 17 до 27 јуни ќе се одржи во Шпанија и Франција, известува Агенција Анадолија (АА).
Во шпанскиот град Валенсија денес се одржа извлекувањето на четирите групи од европскиот шампионат во кошарка за жени ФИБА 2021 на кој учествуваат 16 репрезентации.
На ова првенство, покрај Турција ќе се натпреваруваат и 5 држави од Балканот, поранешни републики на екс Југославија. Тоа се Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Четирите репрезентации кои во групната фаза од првенството ќе го освојат првото место, ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето. Репрезентациите што ќе ги освојат второто и третото место во групите, пласманот во четвртфиналето ќе го обезбедат по вкрстените елиминирачки средби со репрезентациите од другите групи.
Распоредот на групите по денешното извлекување:
Група А: Шведска, Белорусија, Шпанија, Словачка
Група Б: Црна Гора, Србија, Италија, Грција
Група Ц: Турција, Босна и Херцеговина, Словенија, Белгија
Група Д: Хрватска, Франција, Русија, Чешка.