Emre Aşıkçı
03 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Аргентинскиот репрезентативец Мауро Икарди денеска како позајмен играч потпиша договор со францускиот клуб Париз Сен Жермен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Париската фудбалска велесила ПСЖ на својата веб-страница објави дека 26-годишниот играч му се придружил на клубот на период од само една сезона како позајмен играч, поточно до 30 јуни 2020 година, со опција за купување.
„Ќе дадам сè од себе да му помогнам на мојот нов тим да биде колку што е можно поуспешен на сите натпреварувања. Париз Сен Жермен стана меѓународна фудбалска сила, привлекувајќи некои од најголемите играчи во последните години. Динамиката е силна во Париз, амбициите се големи и сигурен сум дека тука имаме сè за да допреме уште подалеку. Со нетрпение очекувам да играм на „Паркот на принцовите“, стадион познат по својата убавина и страст“, истакна Икарди денеска за официјалната веб-страница на ПСЖ.
Во својата кариера Икарди претходно има играно за Сампдорија и Интер Милан во италијанската Серија А.
Додека играше за Интер Милан во Серија А, тој во два наврати беше најдобриот стрелец на годината, во 2015 и во 2018.