Bakir Tiro
12 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
РИМ (АА) - Фудбалскиот клуб Интер од Милан ги интензивираше активностите за евентуален трансфер на хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ од Барселона, јавуваат италијанските медиуми.
Според последните информации, Интер е подготвен на Барселона за Ракитиќ да ѝ плати обештетување во висина од 50 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во периодот што следува сѐ ќе биде многу појасно, иако е сѐ поизвесно заминувањето на Ракитиќ ова лето од „Камп ноу“.
Ракитиќ во Барселона дојде од Севилја во 2014 година и оттогаш со каталонскиот клуб ги освои УЕФА Лигата на шампиони, четирипати беше првак на Шпанија и исто толку освојувач на Кралскиот куп на оваа земја.