Emre Aşıkçı
04 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот играч од средниот ред Калвин Филипс му се приклучи на Манчестер Сити од Лидс Јунајтед со шестгодишен договор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сити уште еднаш докажа дека е најдобриот тим во земјата со неверојатната екипа и менаџер Пеп Гвардиола, кој со право се смета за најдобриот во светот“, истакна Филипс.
„Сега едвај чекам да започнам и да се обидам да му помогнам на тимот за да постигнеме повеќе успеси“, додаде тој.
26-годишнот играч му помогна на Лидс Јунајтед да ја освои титулата во англискиот фудбал во сезоната 2019/20.
Филипс постигна 14 гола и многу асистенции на 234 натпревари за време на осумте сезони со Лидс.