Elvır Hodzıc
17 Ноември 2023•Ажурирај: 18 Ноември 2023
АНКАРА (АА)
Синоќа се одиграа девет натпревари од претпоследното деветто коло на квалификациите за учество на Европското првенство во фудбал 2024, јавува Анадолу.
Во групата А Шпанија го оправда епитетот фаворит и со уверливи 1:3 го совлада Кипар на гостински терен. Во оваа група Грузија на домашен терен одигра нерешено 2:2 против Шкотска.
Шпанија и Шкотска во оваа група веќе го обезбедија пласманот на ЕВРО 2024.
| Група А | натпревари | бодови |
| 1. Шпанија | 7 | 18 |
| 2. Шкотска | 7 | 16 |
| 3. Норвешка | 7 | 10 |
| 4. Грузија | 7 | 8 |
| 5. Кипар | 8 | 0 |
Во групата Ф Азербејџан во Баку ја совлада репрезентацијата на Шведска со уверливи 3:0, а во оваа група Австрија како гостин со 0:2 ја совлада Естонија.
Во оваа група настап на ЕВРО 2024 обезбедија селекциите на Австрија и Белгија.
| Група Ф | натпревари | бодови |
| 1. Австрија | 8 | 19 |
| 2. Белгија | 7 | 17 |
| 3. Шведска | 7 | 7 |
| 4. Азербејџан | 7 | 7 |
| 5. Естонија | 7 | 1 |
Во групата Г Бугарија на домашен терен одигра нерешено 2:2 против Унгарија во исклучително интересен натпревар во кој беа доделени по еден црвен картон и на двете страни.
Во вториот натпревар од оваа група Црна Гора на домашен терен ја совлада Литванија со 2:0.
На првите две места во оваа група се наоѓаат селекциите на Унгарија и Србија. Унгарија е сигурен патник на ЕВРО 2024. На Србија за пласман на ЕВРО 2024 ѝ е потребно да ја совлада или да одигра нерешено против селекцијата на Бугарија во последното коло.
| Група Г | натпревари | бодови |
| 1. Унгарија | 7 | 15 |
| 2. Србија | 7 | 13 |
| 3. Црна Гора | 7 | 11 |
| 4. Литванија | 8 | 6 |
| 5. Бугарија | 7 | 3 |
Во групата Ј селекцијата на Португалија на гостински терен го совлада Лихтенштајн и дојде до својата деветта победа на девет натпревари. Репрезентацијата на Словачка како домаќин беше поуспешна од Исланд, совладувајќи го со резултат 4:2. Во третата средба од оваа група Луксембург ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со високи 4:1.
Репрезентацијата на Португалија има максимални 27 бода и се наоѓа на прво место во групата, а второпласирана е Словачка со 19 бода. И двете селекции претходно го обезбедија пласманот на ЕВРО 2024.
| Група Ј | натпревари | бодови |
| 1. Португалија | 9 | 27 |
| 2. Словачка | 9 | 19 |
| 3. Луксембург | 9 | 14 |
| 4. Исланд | 9 | 10 |
| 5. Босна и Херцеговина | 9 | 9 |
| 6. Лихтенштајн | 9 | 0 |
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Азербејџан - Шведска 3:0
Бугарија - Унгарија 2:2
Грузија - Шкотска 2:2
Естонија - Австрија 0:2
Грчка администрација на Јужен Кипар - Шпанија 1:3
Црна Гора - Литванија 2:0
Лихтенштајн - Португалија 0:2
Словачка - Исланд 4:2
Луксембург - БиХ 4:1