Mutlu Demirtaştan
06 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ВАЛЕНСИЈА (АА) - Кенискиот атлетичар Кибивот Кенди постави нов светски рекорд на полумаратонот во Валенсија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кенди за 57 минути и 32 секунди ја истрча трката долга 21 километар во Валенсија, поставувајќи нов светски рекорд во полумаратон.
Освен него, уште тројца атлетичари исто така постигнаа подобар резултат од Кениецот Џефри Камворор, кој досега го држеше светскиот рекорд, со време 58:01.
Џејкоб Киплимо од Уганда е второпласиран со време 57:37, Кениецот Ронекс Кипруто е третопласиран со време 57:49, додека Кениецот Александер Мутисо го зазеде четвртото место со време 57:59.