Ahmet Furkan Mercan
27 Јули 2021•Ажурирај: 28 Јули 2021
ТОКИО (АА) – Ковид-случаите кај акредитираните лица на Олимписките игри во Токио се искачија на 155, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организацискиот комитет соопшти дека Ковид-19 е откриен кај уште 7 лица што дошле во земјата во рамките на Олимписките игри Токио 2020.
Двајца странски спортисти кои дошле во Јапонија за Олимпијадата се меѓу 7-те лица што се заразиле со вирусот, а биле сместени во олимпискиот кварт во Харуми, Токио.
Исто така, меѓу заразените со Ковид-19 се 3 официјални службеници и едно лице што работело со договор на дело, како и еден член на Комитетот.
Според соопштеното, заразените се пренесени во карантин.
Со ова, ковид-случаите кај акредитираните лица на Олимписките игри во Токио се искачија на 155.