Fatih Erel
30 Јануари 2025•Ажурирај: 31 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Лајпциг, еден од тимовите во германската прва фудбалска лига (Бундеслига), го позајми репрезентативецот на Северна Македонија, играчот за врска Елиф Елмас, на италијанскиот тим Торино, јавува Анадолу.
Во соопштението што го објави Торино се наведува дека 25-годишниот играч за врска во италијанскиот тим ќе го носи дресот со број 11.
Елмас, кој од италијанскиот тим е позајмен до крајот на сезоната, за тимот на Фенербахче настапуваше во периодот 2017-19 година.
Елиф Елмас оваа сезона настапи на 6 натпревари за Лајпциг, забележувајќи една асистенција.