Yunus Kaymaz
08 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Ливерпул со минатогодишниот приход го урна светскиот рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави клубот се вели дека според британските медиуми, клубот Ливерпул до 31 мај 2018 година, пред плаќањето на едногодишните даноци, со приходот од 125 милиони фунти го урнал светскиот рекорд.
Клубот, кој минатата година играше во финалето на Лигата на шампиони, од УЕФА доби прилив на средства од 72 милиони фунти. Ливерпул во јануари, за трансферот на Филипе Кутињо во Барселона, доби обесштетување од 142 милиони фунти, со што годишниот приход од 90 милиони го зголеми на 455 милиони.
„Црвените“ пред плаќањето на едногодишните даноци, приходот од 40 милиони фунти, колку што изнесуваше претходно, го зголемија за 300 отсто, односно на 125 милиони фунти.