Dejan Maksimoviç
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
МОНАКО (АА) - Во Монако денес се одржа жрепката за групната фаза на Лига Европа. Во жрепката учествуваа македонската екипа Вардар, Риека од Хрватска, Црвена ѕвезда и Партизан од Србија, Скендербег од Албанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Македонскиот претставник Вардар, кој за првпат учествува на ова натпреварување, се најде во групата Л, со екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.
Распоредот по групи во Лига Европа е:
Група А: Вилјареал, Макаби Тел Авив, Астана, Славија Прага
Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербег
Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Истанбул Башакшехир
Група Д: Милан, Австрија Виена, Риека, АЕК Атина
Група Е: Олимпик Лион Евертон, Аталанта, Аполон
Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф Тираспол, Фастав Злин
Група Г: Викторија Плзен, Стеауа, Хапоел Бер Шева, Лугано
Група Х: Арсенал, БАТЕ Борисов, Келн, Црвена ѕвезда
Група И: Салцбург, Олимпик Марсеј, Виторија, Конјаспор
Група Ј: Атлетико Билбао, Херта, Зорја, Остерсунд
Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витезе
Група Л: Зенит, Реал Сосиедад, Розенборг, Вардар
Натпреварите од првото коло во групната фаза на Лига Европа ќе се играат на 14. септември, а последниот натпревар по групи е закажан за 7. декември.
Во шеснаесетфиналето ќе се пласираат прво и второпалсираните екипи од секоја група, на коишто ќе им се придружат осумте најдобро третопласирани екипи од групната фаза на Лигата на шампионите. Жрепката на паровите од шеснаесетфиналните натпревари ќе се одржи на 11. декември оваа година.
Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 16. мај 2018 година во Лион.