Yunus Kaymaz
01 Август 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа реванш-средбите од 2. коло на елиминациската фаза во УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, пласман во 3. елиминациско коло изборија македонскиот претставник Шкендија, хрватскиот претставник Динамо Загреб и словачкиот претставник Спартак Трнава.
Резултати од првата средба и реванш-средбата:
Хапоел Беер Шева - Динамо Загреб 2 : 2, (прва средба 0 : 5)
Шериф - Шкендија 0 : 0, (прва средба 0 : 1)
Спартак Трнава - Легија 0 : 1, (прва средба 2 : 0).
Противник на Шкендија во 3. квалификациско коло за пласман во групната фаза на Лигата на Шампиони е екипата на Салцбург.
Динамо Загреб во третото коло ќе игра против победникот од реванш-средбата меѓу Мидтјиланд - Астана. Во првата средба Астана извојува победа од 2 : 1.
Спартак Трнава во третото елиминациско коло од Лигата на шампиони ќе игра против победникот од реванш-средбата меѓу Судува Маријамполе и Црвена звезда. Во првиот натпревар Црвена звезда извојува победа од 3 : 0.