Serhat Bağbars
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Манчестер Сити го победи Бристол Сити со резултат 3:2 во полуфиналниот реванш на Лига-купот на Англија, пренесува Anadolu Agency (AA).
На натпреварот што се играше на стадионот „Ештон Гејт“ во Бристол, Манчестер Сити имаше водство на натпреварот од 2:0 со головите на Лирој Сане во 43-тата минута и Серхио Агуеро во 49-тата минута.
Домашниот тим во 64-тата минута со голот на Марлон Пак и во 90+4-тата минута со Аден Флинт го изедначи резултатот, но во 90+6-та минута, последната акција на Кевин де Брујн ја донесе конечната победа за Манчестер Сити, со што борбата заврши со резултат 3:2.
Турскиот фудбалер во Манчестер Сити, Илкај Ѓундоган, го зазеде местото на Агуеро во 80-тата минута од средбата.
Манчестер Сити, кој победи и на првиот натпревар на домашен терен со 2:1, го запиша своето име во финалето.
Ривалот на Манчестер Сити во финалето ќе го одреди конечниот резултат од натпреварот помеѓу Арсенал и Челзи.