Doga Kirmizioglu
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Еден од клубовите на кинеската Супер лига Хебеи Чајна Форчјун го вклучува во тимот аргентинскиот фудбалер на Барселона, Хавиер Маскерано, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на Барселона, се истакнува дека Маскерано постигна договор за трансфер во кинескиот Хебеи Чајна Форчјун. Аргентинскиот играч својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во Кина.
На вестите во шпанските медиуми, се наведе дека Хебеи Чајна Форчјун ќе плати 5,5 милиони евра за 33-годишниот Маскерано, кој го носеше дресот на Барселона 7,5 сезони.
Маскерано освои 18 купови во 334 натпревари додека играше за Барселона.
Хебеи Чајна Форчјун во својот состав ги има и фудбалерите Жервињо од Брегот на Слоновата Коска и Аргентинецот Езекиел Лавеци.