Mutlu Demirtaştan
26 Мај 2023•Ажурирај: 28 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА)
Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со седмата трка во сезоната што ќе се одржи во Монако, јавува Анадолу.
За Големата награда на Монако на патеката „Монако“, која е долга 3,3 километри, возачите ќе треба да возат 78 круга.
Во сабота, со почеток во 16:00 часот, ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Монако е закажана за 28 мај, недела, со почеток во 15:00 часот.
Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.
Пред трката за Големата награда на Монако, пласманот на возачите и тимовите е следниов:
- Пласман на возачите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 119 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 105 поени
3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 75 поени
4. Луис Хамилтон (Велика Британија): 56 поени
5. Карлос Саинц (Шпанија): 44 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 224 поени
2. Астон Мартин: 102 поена
3. Мерцедес: 96 поени
4. Ферари: : 78 поени
5. Мекларен: 14 поени