Mutlu Demirtaştan
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Севилја соопшти дека Рамон Родригез Вердехо, популарно познат како Мончи, се врати на местото спортски директор на овој клуб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека со Мончи е потпишан договор за местото спортски директор на клубот, кој на сила ќе стапи на 1 април.
Мончи на позицијата спортски директор на Севилја беше од 2000 до 2017 година, а за тоа време со клубот освоија низа трофеи. Тој во 2017 година постигна договор со италијанскиот клуб Рома, кој го напушти минатата седмица.