Ekipa
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
ОСТРОВОТ ФИЛИП (АА) - Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез (24), е победник на австралиската трка за Големата награда, со што ја зголеми предноста во пласманот на светското првенство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Возачот на Хонда, на две трки до крајот на сезоната, се наоѓа на чекор до одбраната на минатогодишната титула светски шампион во класата МотоГП.
Маркез победи во Австралија пред возачите на Јамаха, Валентино Роси и Маверик Виналес.
Неговиот единствен ривал на светското првенство, второпласираниот италијански мотоциклист Андреа Довициозо (Ducati), на патеката на Филип Ајленд освои 13 место.
На тројниот шампион во класата МотоГП ова му е шеста победа оваа сезона, а Шпанецот може да ја обезбеди четвртата титула на шампион веќе во претпоследната трка во сезоната за Големата награда на Малезија, која е на програмата на 29 октомври.