ИСТАНБУЛ (АА) - Стефен Кари, ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, во натпреварот против Далас Маверикс во рамките на американската Национална кошаркарска лига (НБА) постигна 57 поени, но не успеа да го спречи поразот од домаќинот од 134:132, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Лука Дончиќ од Далас Маверикс, постигнувајќи 42 поени на овој натпревар, го изедначи својот рекорд во кариерата и на својот клуб му донесе победа од 134:132 над Голден Стејт Вориорс.
Покрај Дончиќ, во редовите на Маверикс најдобар перформанс прикажаа Кристапс Порзингис со дабл-дабл од 18 поени, 10 скока и 3 асистенции и Џош Ричардсон со 17 поени, 2 скока и една асистенција.
Кај Вориорс, Стефен Кари постигна 57 поени, 5 асистенции и 2 скока, Ендру Вигинс 22 поени, 5 скока и 1 асистенција, Кент Бејзмор постигна 20 поени, 3 скока и 1 асистенција, но недоволно за да се совлада Далас Маверикс.
- Лејкерс победи по второто продолжение -
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс дури по второто продолжение успеа да го победи Детроит Пистонс со резултат 135:129, постигнувајќи ја својата 4. последователна победа.
Леброн Џејмс, ѕвездата на Лејкерс, постигна дабл-дабл од 33 поени, 11 асистенции и 5 скока, Ентони Дејвис 30 поени, 5 скока и 3 асистенции, додека Денис Шредер постигна 22 поени, 8 асистенции и 4 скока.
Во редовите на Пистонс најпрецизен беше Џереми Грант со 32 поени, 6 асистенции и 4 скока, Џош Џексон 28 поени, 8 скока и 3 асистенции, додека Делон Рајт постигна дабл-дабл од 22 поени, 10 асистенции и 2 скока, но тоа беше недоволно за да се совлада Лејкерс.
- Севентисиксерс на Фуркан Коркмаз победија, Кавалирс на Џеди Осман загубија -
Екипата на Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција, во која настапува турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, го совлада тимот на Бруклин Нетс со резултат 124:108.
Најпрецизни кај Севентисиксерс беа Џоел Ембид со 33 поени, 9 скока и 3 асистенции, а дабл-дабл остварија Тобајас Херис со 21 поен, 12 скока и 6 асистенции и Бен Симонс со 16 поени, 12 скока и 8 асистенции. Фуркан Коркмаз постигна 13 поени, 3 скока и 1 асистенција.
Кај Бруклин Нетс најпрецизен беше Џејмс Харден со 26 поени, 10 асистенции и 8 скока и Лендри Шемет со 22 поени, 3 скока и 3 асистенции.
Милвоки Бакс со резултат 124:99 го совлада Кливленд Кавалирс. Кај Бакс најдобар перформанс прикажа олстар-ѕвездата Јанис Антетокумпо со дабл-дабл од 24 поени, 11 скока и 5 асистенции, додека Крис Мидлтон и Џру Холидеј постигнаа по 20 поени.
Кај Кавалирс најпрецизни беа Андре Драмонд со 28 поени, 11 скока и 2 асистенции, додека Дариус Гарланд и Колин Секстон постигнаа по 17 поени. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, постигна 7 поени и 2 асистенции.
- Резултати:
Њујорк Никс - Портланд Треил Блејзерс 110:99
Сакраменто Кингс - Денвер Нагетс 119:114
Орландо Меџик - Чикаго Булс 92:118
Хјустон Рокетс - Сан Антонио Спарс 106:111
Кливленд Кавалирс - Милвоки Бакс 99:124
Атланта Хоукс - Торонто Репторс 132:121
Филаделфија Севентисиксерс - Бруклин Нетс 124:108
Оклахома Сити Тандер - Минесота Тимберволвс 120:118
Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс 134:132
Њу Орлеанс Пеликанс - Мемфис Гризлис 118:109
Лос Анџелес Лејкерс - Детроит Пистонс 135:129.