Abdullah Tevge
12 Март 2021•Ажурирај: 14 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА), лидерот на Источната конференција, екипата на Филаделфија Севентисиксерс, со 105:127 извојува победа на гостувањето кај Чикаго Булс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На средбата на која Филаделфија Севентисиксерс како гостин го совлада Чикаго Булс со 105:127, турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз прикажа одлична игра постигнувајќи 16 поени, 4 асистенции, 1 скок и даде значаен придонес во победата на својот тим.
Кај Севентисиксерс Двајт Хауард постигна дабл-дабл од 18 поени, 12 скока, а најпрецизен кај гостите беше Тобајас Херис со 24 поени, 4 асистенции, 3 скока.
Во редовите на Булс најпрецизни беа Лаури Маркканен со 23 поени, 4 скока, Зек Лавин со 19 поени, 7 асистенции, 4 скока и Коби Вајт со 18 поени, 4 асистенции, 2 скока.
- Атланта Хаукс победи со тројка во последните секунди -
Синоќа се одигра и дуел на две екипи од средниот дел на табелата во Источната конференција. Тимот на Торонто Репторс на домашен терен ја пречека Атланта Хаукс. На оваа средба првата и четвртата четвртина им припаднаа на гостите, а во втората и третата четвртина подобри беа домаќините. Атланта Хаукс со 120:121 го совлада Торонто Репторс.
Во последните 50 секунди од средбата домаќините имаа предност од 4 поени, 120:116. Во следниот напад Хаукс ја намали разликата на 2 поени, а по неуспешниот напад на Репторс, Тони Снел од Хаукс со погодокот во последната секунда за 3 поени ѝ донесе победа на Атланта.
Најголем придонес за победата на Хаукс дадоа Тре Јанг со 37 поени, 6 асистенции, 5 скока, Данило Галинари со 20 поени, 5 скока, 1 асистенција и Кевин Ертер со 19 поени, 4 скока, 1 асистенција.
Во редовите на Репторс најпрецизни беа Норман Пауел со 33 поени, 4 асистенции, 3 скока и Крис Бучер со 29 поени, 9 скока, 2 асистенции, додека дабл-дабл учинок постигнаа Кајл Лаури со 17 поени, 12 асистенции, 6 скока и Арон Бејнс со 11 поени, 15 скока.
- Резултати:
Шарлот Хорнетс - Детроит Пистонс 105:102
Торонто Репторс - Атланта Хаукс 120:121
Бруклин Нетс - Бостон Селтикс 121:109
Милвоки Бакс - Њујорк Никс 134:101
Њу Орлеанс Пеликанс - Минесота Тимберволвс 105:135
Чикаго Булс - Филаделфија Севентисиксерс 105:127
Мајами Хит - Орландо Меџик 111:103
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс 116:108
Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс 130:104
Портланд Треил Блејзерс - Феникс Санс 121:127
Сакраменто Кингс - Хјустон Рокетс 125:105