Fatih Erel
02 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, премина во англискиот премиерлигаш Челси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона во Челси е завршен“, се вели во соопштението на Челси.
Соопштено е дека 33-годишниот напаѓач од Габон потпишал двегодишен договор со Челси.
Минатата сезона Обамејанг на 23 натпревари за Барселона постигна 13 гола.