Dejan Maksimoviç
28 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
РИМ (АА) - СС Монца 1912 официјално објави дека Силвио Берлускони, поранешниот сопственик на Милан, успешно го завршил преземањето на клубот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Берлускони купувањето го реализираше ден пред својот 82. роденден и со тоа ги заврши повеќенеделните шпекулации. Со тоа медиумскиот магнат во Монца се придружи на долгогодишниот соработник Адриано Галијани.
„Фининвест СпА денес ја заврши стопостотната аквизиција на СС Монца 1912. Собранието на акционери го одобри именувањето на новиот Одбор на директори, во состав: Никола Коломбо (претседател), Паоло Берлускони, Адриано Галијани, Роберто Мацо и Данило Пелегрино. Потоа Одборот го именуваше Галијани за извршен директор на клубот“, се соопштува од фудбалскиот клуб од Монца.
Поранешниот премиер на Италија беше сопственик на Милан 31 година, сѐ до продажбата во 2017 година. Цело тоа време Галијани беше генерален директор на Милан, а клубот освои пет шапионски титули во Европа и осум во Италија.
Монца моментално е член на серијата Ц, трето ниво на натпревари во италијанскиот професионален фудбал. Клубот двапати банкротирал во текот на историјата, па така го менувал и името. Беше Калчо Монца, па Монца Брианца 1912 година, а сега се вика Монца 1912.