Hüseyin Burak Demirer
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
АНКАРА (АА) – 31. Летни олимписки игри што ќе се одржат во Бразил, официјално ќе започнат со церемонијалното отворање во 1.00 часот по полноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Заедно со игрите што не беа одржани во 1916 поради Првата светска војна и во 1940 и 1944 поради Втората светска војна, ова ќе бидат 31. Летни олимписки игри. Церемонијата на отворањето ќе се одржи на стадионот Маракана.
Креативен директор на церемонијата е режисерот на филмот „Градот на Бог“, Фернандо Меирелес, а покрај него и Андруч Вадингтон и Даниела Томас. На церемонијата, на сцена ќе излезат музичарите Елза Соарес, Гилберто Гил, Каетано Велосо, Карол Чонка, MК Софијa и Људмила.
За кореографијата на церемонијата одговорна е Дебора Колкер. На церемонијата ќе присуствуваат и бразилските модели Жизел Бунхен и Леа Т.
Игрите ќе се одржат на четири различни места во Рио де Жаниеро (во Деодор, Бара, Копакабана и на Маракана) и ќе траат 17 дена. Ќе се одржат вкупно 306 натпреварувања и ќе бидат доделени вкупно 2 илјади 488 медали (812 златни, 812 сребрени и 864 бронзени).
Од 206 земји, меѓу кои се и Косово и Јужен Судан, земји што првпат учествуваат на олимпијадата, повеќе од 11 илјади спортисти ќе се натпреваруваат во 39 категории од 28 различни дисциплини. Голфот по 112 и рагбито по 92 години ќе заземат место на олимпијадата.
На олимписките игри што за првпат ќе се одржат во Јужна Америка, Турција ќе ја претставуваат 103 спортисти во 21 различни дисциплина.
На Рио 2016, под олимпиското знаме ќе натпреварува и новоформираниот „Олимписки тим на спортисти-бегалци“. Во бегалскиот тим, кој е формиран од 10 лица, од кои 4 се жени, ќе присуствуваат 5 спортисти од Јужен Судан, 2 од Сирија, 2 од Демократска Република Конго и 1 од Етиопија.
На ЛОИ 2016, церемониите на отворање и затворање ќе се одржат на стадионот Маракана. Покрај Рио де Жанеиро, фудбалските натпревари ќе се одржат и во градовите Сао Паоло, Бело Хоризонте, Салвадор, Бразилија и во Манаус. Натпреварите ќе се одржат на 37 спортски објекти.
Цените на билетите на олимпијадата се движат од 12 долари до 1.420 долари. Половината од 7,5 милиони билети се продаваат за поевтина цена од 21,5 долари.
Се претпоставува дека Олимписките игри, за кои Бразил потрошил приближно 12 милијарди долари, ќе бидат следени од страна на 3,5 милијарди луѓе преку социјалните медиуми и преку телевизија.