Mutlu Demirtaştan
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Вчера се одиграа последните натпревари од второто коло во групната фаза на Светското фудбалско првенство Русија 2018, пишува Anadolu Agency (AA).

Единаесеттиот ден од СП Русија 2018 се одиграа 3 натпревари. Во групата Г се сретнаа Англија и Панама. Англија извојува победа од 6:1. Хери Кејн постигна хет-трик, Џон Стонс два и Џеси Лингард еден погодок за Англија. Единствениот и прв погодок на светските фудбалски првенства за Панама го постигна Фелипе Балој.
Англија и Белгија со по 6 поени се лидери на табелата и го обезбедија пласманот во понатамошниот тек на првенството.
- Јапонија и Сенегал одиграа нерешено -
Во групата Х Јапонија и Сенегал одиграа нерешено 2:2.
Иако Сенегал на двапати прејде во предност, не успеа да го задржи водството. Погодоците за Сенегал ги постигнаа Садио Мане и Муса Ваге, додека погодоците за Јапонија ги постигнаа Такаши Инуи и Кеисуке Хонда.
- Колумбија победи, Полска капитулираше -
Во групата Х, Колумбија успеа да ја совлада Полска со резултат од 3:0.
Колумбија со погодоците на Јери Мина, Радамел Фалкао и Хуан Квадрадо извојува победа. Полска која доживеа пораз и во двата натпревари, се збогува од понатамошниот тек на натпреварувањето.
- Денеска на програмата -
Денеска започнуваат натпреварите во третото коло од групната фаза на СП Русија 2018 во групите А и Б.
Група А:
16:00 Уругвај - Русија (стадион „Космос“ - Самара)
16:00 Саудиска Арабија - Египет (стадион „Волгоград арена“ - Волгоград)
Група Б:
20:00 Шпанија - Мароко (стадион „Калининград“ - Калининград)
20:00 Иран - Португалија (стадион „Мордовија“ - Саранск)
