Oktaj Omeragik
04 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
СКОПЈЕ
Синоќа се одиграа сите натпревари од 2. коло во УЕФА Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во УЕФА Лига Европа, синоќа, распоредени во 12 групи, се одиграа 24 натпревари од 2. коло на второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа.
Значаjни победи на гости постигнаа екипите на Карабах, ПСВ Ајндховен, Хетафе, Ајнтрахт Франкфурт, Еспањол, Лудогорец, Партизан и Вулверхемптон.
Во ова коло најтешкиот пораз му го нанесе Арсенал на Стандард Лиеж. Арсенал поведе со 1:0 во 13. минута благодарение на погодокот на Габриел Мартинели. Истиот играч само 3 минути подоцна го зголеми водството на домаќинот на 2:0. Следуваше погодок на Џо Вилок во 22. минута, а последниот погодок за Арсенал го постигна Дани Себаљос во 57. минута од средбата за конечни 4:0.
Во Турција Трабзонспорт на домашен терен го пречека швајцарскиот претставник Базел. Во истоимениот град се одигра натпревар исполнет со пресврти. Гостите поведоа со 0:1 во 20. минута од средбата со погодокот на Силван Видмер. Веќе во 26. минута од средбата, Абдулкадир Пармак изедначува на 1:1. Во 78. минута Трабзонспор поведува со 2:1 преку Хозе Соса, но веќе во 80. минута Ноа Окафор постигнува погодок за конечни 2:2.
Пресврт имаше и на средбата Спортинг - ЛАСК. Марко Рагуз во 16. минута постигнува гол за водство на гостите од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме Спортинг изедначи на 1:1 преку Луиз Фелипе во 58. минута, а за целосниот резултатски пресврт се погрижи Бруно Фернандез кој со погодокот во 63. минута му донесе победа на Спортинг од 2:1.
Резултати од вчера одиграните натпревари во УЕФА Лига Европа:
Група А
Севилја - Апоел 1:0
Дудаланж - Карабах 1:4
Група Б
Малме - Копенхаген 1:1
Лугано - Динамо Киев 0:0
Група Ц
Краснодар - Хетафе 1:2
Трабзонспор - Базел 2:2
Група Д
Спортинг - Ласк 2:1
Розенборг - ПСВ Ајндховен 1:4
Група Е
Лацио - Рен 2:1
Селтик - Клуж 2:0
Група Ф
Виторија Гимараиш - Ајнтрахт Франкфурт 0:1
Арсенал - Стандард Лиеж 4:0
Група Г
Јанг Бојс - Ренџерс 2:1
Феенорд - Порто 2:0
Група Х
ЦСКА Москва - Еспањол 0:2
Ференцварош - Лудогорец 0:3
Група И
Сент-Етјен - Волфсбург 1:1
Олександрија - Гент 1:1
Група Ј
Истанбул Башакшекир - Борусија Менхенгладбах 1:1
Волфсбергер - Рома 1:1
Група К
Бешикташ - Вулверхемптон 0:1
Брага - Слован Братислава 2:2
Група Л
Астана - Партизан 1:2
АЗ Алкмар - Манчестер јунајтед 0:0