Yunus Kaymaz
21 Август 2019•Ажурирај: 23 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Фиорентина, го донесе францускиот фудбалер Франк Рибери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Триесет и шестгодишниот фудбалер, кој на крајот на минатата сезона го напушти германскиот клуб, Бајерн Минхен, својата кариера ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Фиорентина.
Медиумите соопштија дека францсукиот репрезентативец, кој на аеродромот во Фиренца бил пречекан од бројни навивачи, потпишал двегодишен договор со својот нов клуб.
Рибери 12 години го носеше дресот на Бајерн Минхен, со кој 8 пати стана шампион во Бундеслигата, а освои вкупно 21 пехар во различни шампионати.