Berad Büyük
07 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Рома, го продолжи договорот на фудбалерот од лев бек, Александар Коларов, до јуни 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на интернет-страницата на клубот Рома, договорот на 34-годишниот Коларов кој ќе заврши на крајот на сезоната, е продолжен за една година.
Коларов во Рома беше трансфериран во 2017 година, и за овој клуб одигра 113 натпревари и постигна 17 погодоци.