Oktaj Omeragik
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
СКОПЈЕ
Денес започнува 7. коло од квалификациите за учество на ЕУРО 2020 во фудбал.
Наредните три дена се играат натпреварите од 7. коло од групите за квалификации на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020.
Репрезентацијата на Северна Македонија вечерва на домашен терен ја пречекува Словенија. Натпреварот ќе се игра во Скопје, на Националната арена „Тоше Проески“, со почеток во 20:45 часот.
Натпревари закажани за денеска:
16:00 Казахстан - Кипар (грчки дел)
18:00 Белорусија - Естонија
20:45 Холандија - Северна Ирска
20:45 Словачка - Велс
20:45 Хрватска - Унгарија
20:45 Летонија - Полска
20:45 Македонија - Словенија
20:45 Австрија - Израел
20:45 Русија - Шкотска
20:45 Белгија - Сан Марино