Yunus Kaymaz
07 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудата во светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со 16. трка, на патеката Сузука во Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката во Формула 1 ќе се одржи на патеката Сузука, во истоимениот јапонски град, која е со должина од 5.807 метри, а пилотите на Формула 1 ќе извозат 53 круга. В сабота, со почеток во 8.00 часот, ќе се одржи натпреварот за пол-позиции, а финалната трка е закажана за в недела, во 7.00 часот по средноевропско време.
Во досегашните 15 трки, на патеките во Австралија, Бахреин, Монако и во Унгарија, победи извојуваа пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, во Кина, Канада, Шпанија, Велика Британија, Белгија, Италија и во Сингапур, пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, во Русија и во Австрија, Валтери Ботас, во Азербејџан, Даниел Рикардо, додека на патеката во Малезија, победник беше Макс Ферштапен.

Пласман на пилоти и тимови:
Распоред на првите 5 пилоти и тимови во Формула 1 пред неделната трка за Големата награда на Јапонија:
Пласман на пилотите:
1. Луис Хамилтон - 281 поен
2. Себастијан Фетел - 247
3. Валтери Ботас - 222
4. Даниел Рикардо - 177
5. Кими Раиконен - 138
Распоред на тимовите:
1. Mercedes - 503 поени
2. Ferrari - 385
3. Red Bull - 270
4. Force India - 133
5. Williams - 65