Mustafa Kurt
27 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
АНТАЛИЈА (АА) – Ајтемиз Аланијаспор од првата фудбалска лига на Турција „Спор Тото Супер Лига“ потпиша договор за 1,5 година со босанскиот тренер Сафет Сушиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Сушиќ го потпиша договорот за клубот на Аланијаспор на церемонија каде што беше присутен и претседателот на клубот Хасан Чавушоглу.
„Потпишавме договор за 1,5 година со еден тренер кој што бил на должност во повеќе клубови во Турција и кој што сите го знаеме. Му посакувам среќа и сакам да му изразам благодарност што не одбра нас и се надевам дека во понатамошниот период ќе искачиме на местото кое што сите го заслужуваме“ истакна Чавушоглу
Сушиќ исто така изрази благодарност кон претседателот и одборот на клубот затоа што го одбрале токму него покрај сите други кандидати. „Се надевам дека ќе бидеме успешни. Екипата не е лоша, 4 екипи се позади нас на табелата. Наш приоритет ќе биде опстанок во лигата со постигнување на добри резултати.“ изјави Сушиќ, кој исто така нагласи дека треба да се формира една добра екипа за во иднина.
На прашањето дали ќе има нови трансфери, Сушиќ изјави дека клубот има 28 фудбалери и дека во моментов нема потреба од трансфери.
Тој исто така рече дека постојано ги следел екипите на турскиот фудбал, особено натпреварите на Фенербахче и Бешикташ во европските фудбалски натпреварувања.
Сушиќ порано ги водеше екипите на Истанбулспор, Коњаспор, Анкарагуџу, Ризеспор и Анкараспор во Турција. После репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Сушиќ беше тренер и во францускиот клуб Евиан. Тој се враќа во Турција после 9 години а негов помошник во клубот на Ајтемиз Аланијаспор ќе биде Елвир Балиќ.