Mutlu Demirtaştan
22 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Том Кинг, голманот на Њупорт Каунти која е член на 4. англиска лига, на официјален натпревар даде погодок со кој го урна досегашниот рекорд на гол постигнат од најголема далечина, известува Агенција Анадолија (АА).
Клубот Њупорт Каунти објави дека голманот Кинг, затресувајќи ја мрежата на противничкиот клуб од 96,01 метар, влегол во Гинисовата книга на рекорди.
Погодокот на Кинг е регистриран како Гинисов рекорд на погодок постигнат од најголема далечина на еден официјален фудбалски натпревар. Претходниот рекорд, постигнат од 91,9 метри, беше во рацете на Асмир Беговиќ, голманот на Стоук, член на англиската Премиер лига.
Том Кинг на 19 јануари во натпреварот против Челтнем Таун во 12. минута го постигна погодокот што на Њупорт Каунти му донесе водство од 1:0. По ударот што Кинг го изведе во својот шеснаестерец, топката падна во казнениот простор на противничкиот голман Џош Грифитс и прескокнувајќи го, ја затресе противничката мрежа.