AA
23 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
БУДВА (АА) - Турчинката Бусе Наз Чакироглу е нова шампионка на Европа во бокс за жени. Таа вчера во категоријата до 50 килограми во финалето ја совлада Кејтлин Фрајерс од Ирска и го освои златниот медал, известува Агенција Анадолија (АА).
Чакироглу од самиот старт на Европското првенство во Будва покажа сериозност и веќе по прелиминарните натпревари покажа дека е фаворит за освојување на златниот медал.