Doga Kirmizioglu
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа натпреварите од УЕФА Лигата на шампиони во групите Е, Ф, Г и Х, јавува Anadolu Agency (AA).
По синоќешните натпревари во 4 групи, екипите на Баерн Минхен, Манчестер сити, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер јунајтед изборија пласман во наредната фаза.
Во Групата Е, Баерн Минхен ја совлада Бенфика со резултат 5 : 1. Погодоците за Баерн ги постигнаа Ариен Робен (2), Робер Левандовски (2) и Франк Рибери (1), додека единствениот погодок за португалскиот претставник го постигна Гедсон Фернандес.
По оваа победа Баерн има 13 поени и загарантиран пласман во наредната фаза. Бенфика со 4 поени е на третата позиција, и обезбеди пласман во Лига Европа.
Во групата Ф, Манчестер сити одигра нерешено против Олимпик Лион во гости. Погодоците за Сити ги постигнаа Емерик Лапорт (1) и Серхио Агуеро (1), додека двата погодоци за Лион ги постигна Максвел Корнет.
Манчестер сити е лидер со 10 поени и се пласираше во наредната фаза, а Лион со 7 поени ја зачува втората позиција.
Во вториот дуел од оваа група, Шахтјор на гостински терен го совлада Хофенхајм со резултат 2 : 3. Погодоците за украинскиот претставник ги постигнаа Исмаили (1) и Таисон (2), додека стрелци за Хофенхајм беа Андреј Крамари (1) и Стивен Цубер (1).
Во групата Г Реал Мадрид ѝ гостуваше на Рома. Реал извојува победа од 0 : 2, а стрелци за шпанскиот претставник беа Герет Бејл (1) и Лукас Васкес (1).
Реал со 12 поени и Рома со 9 поени обезбедија пласман во наредната фаза.
Во групата Х Јувентус како домаќин ја совлада Валенсија со резултат 1 : 0. Погодокот за Јувентус го постигна Марио Манџукиќ.
Во вториот натпревар од оваа група, Мајчестер јунајтед на Олд Трафорд со резултат 1 : 0 ја совлада екипата на Јанг бојс во 90+1 минута од натпреварот, со погодокот на Маруан Фелаини.
Јувентус освои 12 поени и е лидер во групата, а по него е Манчестер јунајтед со 10 поени. И двете екипи обезбедија пласман во наредната фаза.
Денеска се играат преостанатите натпревари од групите А, Б, Ц и Д во Лигата на шампиони. Се среќаваат:
18:55 Атлетико Мадрид - Монако
18:55 Локомотив Москва - Галатасарај
21:00 Борусија Дортмунд - Клуб Бриж
21:00 Тотенхем - Интер
21:00 ПСВ - Барселона
21:00 Наполи - Црвена ѕвезда
21:00 Париз Сен Жермен - Ливерпул
21:00 Порто - Шалке 04
Резултати и табеларен приказ на групите Е, Ф, Г и Х од УЕФА Лигата на шампиони:
Група Е:
АЕК - Ајакс 0 : 2
Баерн Минхен - Бенфика 5 : 1
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Раз | Бодови |
| Баерн Минхен | 5 | 4 | 1 | 0 | 12 | 2 | 10 | 13 |
| Ајакс | 5 | 3 | 2 | 0 | 8 | 2 | 6 | 11 |
Бенфика
| 5 | 1 | 1 | 3 | 5 | 11 | -6 | 4 |
АЕК
| 5 | 0 | 0 | 5 | 2 | 12 | -10 | 0 |
Група Ф
Олимпик Лион - Манчестер сити 2 : 2
Хофенхајм - Шахтјор 2 : 3
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Раз | Бодови |
Манчестер сити
| 5 | 3 | 1 | 1 | 14 | 5 | 9 | 10 |
Олимпик Лион
| 5 | 1 | 4 | 0 | 11 | 10 | 1 | 7 |
| Шахтјор | 5 | 1 | 2 | 2 | 7 | 15 | -8 | 5 |
Хофенхајм
| 5 | 0 | 3 | 2 | 10 | 12 | -2 | 3 |
Група Г
Рома - Реал Мадрид 0 : 2
ЦСКА Москва - Викторија П’лзењ 1 : 2
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Раз | Бодови |
| Реал Мадрид | 5 | 4 | 0 | 1 | 12 | 2 | 10 | 12 |
| Рома | 5 | 3 | 0 | 2 | 10 | 6 | 4 | 9 |
Викторија П’лзењ
| 5 | 1 | 1 | 3 | 5 | 15 | -10 | 4 |
ЦСКА Москва
| 5 | 1 | 1 | 3 | 5 | 9 | -4 | 4 |
Група Х:
Јувентус - Валенсија 1 : 0
Манчестер јунајтед - Јанг бојс 1 : 0
| Екипи | Н | П | Н | П | П | П | Раз | Бодови |
Јувентус
| 5 | 4 | 0 | 1 | 8 | 2 | 6 | 12 |
Манчестер јунајтед
| 5 | 3 | 1 | 1 | 6 | 2 | 4 | 10 |
Валенсија
| 5 | 1 | 2 | 2 | 4 | 5 | -1 | 5 |
Јанг бојс
| 5 | 0 | 1 | 4 | 2 | 11 | -9 | 1 |