Dejan Maksimoviç
26 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
МАДРИД (АА) - Португалецот Луис Фиго, поранешен голем играч на Реал Мадрид и Барселона, смета дека неговиот поранешен тимски колега Французинот Зинедин Зидан сака да стане тренер на "Кралскиот Клуб", јавува Anadolu Agency (AA).
Притисокот врз сегашниот тренер на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез се повеќе се зголемува, додека многуте шпански медиуми јавија дека тие веќе го смениле него и бараат наследник, додека меѓу многуте кандидати се спомнува и Зинедин Зидан.
„Мислам дека тоа е една од целите на Зидан, еден ден да стане тренер на Реал Мадрид. Тој мора да стане главен тренер. Но не знам дали во Реал се подготвени него да му дадат шанса", изјави Фиго. Тој додаде дека "Реал Мадрид е клуб кој не може долго да чека. Тренерот е секогаш под притисок. Ќе видиме уште колку време ќе му дадат на Бенитез“.
Фиго и Зидан четири години играле заедно во „Кралскиот Клуб".