Şenhan Bolelli
28 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
МАДРИД (АА) - Францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа, е новиот играч на Реал Ваљадолид, клубот од шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, 32-годишниот фудбалер со потекло од Тунис, со овој клуб потпишал договор кој е валиден до крајот на сезоната.
Бен Арфа во неговата кариера ги носеше дресовите на значајни фудбалски клубови како Њукасл Јунајтед, Париз Сен Жермен и Рен.