Dejan Maksimovic
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
РИМ
Фудбалскиот сојуз на Италија објави дека летниот преоден рок во земјата оваа година ќе се одржи меѓу 1. септември и 5. октомври, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фудбалскиот пазар во Италија требаше да биде отворен на и. јули, а да се затвори на 2 септември, но поради пандемијата на коронавирусот дојде до измена на датумот. Сега италијанските клубови ќе можат да регистрираат нови играчи во периодот од 1. септември до 5. октомври.
Како последица на тоа, зимскиот преоден рок ќе трае од 4. до 31 јануари.
Исто така, ФС на Италија денес потврди дека сезоната во Серија А продолжува на 20 јуни, а во случај натпреварувањето повторно да биде прекинато поради пандемијата на коронавирусот, ќе се играат плеј-оф и плеј-аут. Доколку ни тоа не може да биде возможно, ќе се користи алгоритам за одредување на конечниот пласман, но шампион нема да биде прогласен.
Серија А е прекината на 9. март поради глобалната пандемија на коронавирусот. По 26. одиграни кола, во водство на табелата е Јувентус со 63 бода, еден повеќе од второпласираниот Лацио.