????? ???????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) – Во пресрет на утрешниот фудбалски пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Косово и Албанија, граѓаните на Приштина со големо вооудошевување го очекуваат овој натпревар, јавува Anadolu Agency (AA).
Пријателскиот натпревар помеѓу Косово и Албанија се игра утре во 14:00 часот во Градскиот стадион на Приштина, за да се прослави квалификацијата на Албанската репрезентација во ЕВРО 2016.
Околу 17.000 влезници денеска се распределени за продажба во Косово, каде цените варираат од три до 10 евра.