Ahmed Mohammed Abdalla, Said İbicioğlu
22 Ноември 2015•Ажурирај: 25 Ноември 2015
Адис Абеба (АА) - На денешната 15 трка во Етиопија присуствуваа повеќе од 40.000 спортисти, по што овој натпревар на 10 километри е се уште најпопуларена и најмасаовна улична трка во цела Африка, јавува Anadolu Agency (АА).
На стартот на трката на главниот плоштад во Адис Абеба се појавија голем број на функционери, дипломати, но исто така и голем број атлетичарски ѕвезда на Етиопија и други африкански земји.
Поголемиот дел од вниманието на јавноста го привлече светскиот и олимписки првак на долги патеки, Хајле Габреселасие, кој по завршувањето на трката изјави дека ова му е последен настап на ваков тип спортски настани.
Габреселасие трката ја истрча бос во знак на сеќавање на својот босоног сограѓанин Абебе Бикилеа, кој бос го освои златниот медал на Олимпискиот маратон во Рим во 1960 година со што ја најави ерата на Етиопјаните во атлетиката.
Победник на денешната трка во машка конкуренција беше Тамрат Тола, а вториот и третиот беа Бонса Дида и Адугна Такеле, сите од Етиопија. Во женска конкуренција првите три позиции исто ги освоија жени од Етиопија.
Ова е еден спортски настан кој има за цел понатамошно промовирање на најпопуларниот спорт во Етиопија и дел од Африка.
Скромните парични награди не можат да се споредат со наградите во фудбал, тенис и други натпревари во Европа или во САД. На првопласираните им беа доделени по 2.400 долари, а вториот и третиот во секоја категорија добија по 960 и 480 долари.