Yusuf Özcan
06 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ПАРИЗ (АА) – Турскиот репрезентативец Јусуф Јазиџи, кој игра за екипата на Лил, во Првата фудбалска лига на Франција (Лига 1), доби пофалби од францускиот печат откако постигна 3 гола против Милан, италијанскиот претставник во Лига Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Спортскиот весник „Л’Екип“ (L'Equipe) пишува дека Јусуф Јазиџи со неговите голови одигра голема улога во победата на неговиот тим против Милан.
Оценувајќи го перформансите на играчите на двата тима, весникот го избра Јусуф Јазиџи за фудбалер кој постигнал најдобри перформанси.
Весникот „Ле Парисиен“ (Le Parisien) излезе со натпис насловен како „Лига Европа: Јусуф Јазиџи постигна 3 гола, Лил го презеде водството во групата“. Во текстот исто така се наведува дека турскиот национален фудбалер Јусуф Јазиџи не може да биде запрен и дека повторно постигнал „хет-трик“.
- „Херој на ноќта“ -
Меѓу другото, во веста се истакнува дека по поразите на екипите на Пари Сен Жермен (PSG), Марсеј и Ница во европските лиги, Лил со победата го „насмеа“ лицето на францускиот фудбал.
Од друга страна се наведува дека Милан имал серија од 24 натпревари без пораз до синоќешниот натпревар.
„Дваесет и тригодишниот напаѓач беше џелат на Италијанците. Јусуф Јазиџи несомнено сам го победи Милан и Златан [Ибрахимовиќ]. Херојот на ноќта во 80. минута беше заменет“, пишува весникот.
- „Јусуф Јазиџи како Ривалдо“ -
Весникот „Еуроспорт“ (Eurosport) веста до своите читатели ја пренесе со насловот: „Јусуф Јазиџи како Ривалдо“. Исто така се наведува дека Лил остварил историска победа, потсетувајќи дека Јусуф Јазиџи е најдобар стрелец во европската лига со два „хет-трика“ на натпреварите.
Нагласено е дека Јусуф Јазиџи е првиот играч кој постигна 3 гола на теренот на Милан по 20 години.
Во текстот се додава дека претходно 3 гола против Милан има постигнато Бразилецот Ривалдо.
Весникот „20 минути“ (20 Minutes) напиша дека Јусуф Јазиџи не ги започнува натпреварите во Лига 1 во првите единаесетмина, но тој е „кралот“ на Лигата на Европа.
Лил вчера го совлада претставникот на Италија, Милан, со 3:0 на гостувањето во натпреварот од третото коло од групата Х на Лигата на Европа.
Јусуф Јазиџи стана најдобар стрелец со 6 погодоци. Исто така постигна хет-трик и на натпреварот со Спарта Прага.