Şenhan Bolelli
06 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
МАДРИД
Барселона на социјалните мрежи и на својата веб-страница под наслов „Добре дојдовте дома Чави“ објави дека е постигнат договор со 41-годишниот Чави Ернандез да го предводи клубот до 30 јуни 2024 година, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека Чави, чиј договор со катарскиот тим Ел Сад беше раскинат по исплатата на обештетувањето, ќе биде претставен пред медиумите во понеделник на 8 ноември.
Чави, кој порасна во школата на Барселона и играше за каталонскиот тим 24 сезони, од кои 17 во А-тимот, познат е како фудбалер кој одиграл најмногу натпревари во овој шпански клуб по Лионел Меси (Меси 778, Чави 767).
Шпанските медиуми, пишувајќи дека се многу големи очекувањата од Чави, кој се врати во Барселона по пауза од 6 години, посочуваат дека тој е „единствената надеж за бордо-сините и за закрепнување и враќање на старите времиња на клубот, чиј досегашен тренер лошо ја започна сезоната и во моментов се на 9-тото место со 16 бодови и еден натпревар помалку“.
Во печатот се наведува дека Барселона на клубот Ел Сад му исплатила 5 милиони евра обештетување за да го доведе Чави.
Каталонскиот клуб го отпушти холандскиот тренер Роналд Куман на 28 октомври и привремено на неговото место го постави Сержи Бархуан, кој претходно го водеше Б-тимот на Барселона.
Бархуан денес за последен пат ќе биде на чело на Барселона на гостувањето против Селта Виго.