Can Erözden
02 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
БАРСЕЛОНА
Поранешниот литвански кошаркарски ас Шарунас Јасикевичиус (44) е новиот шеф на стручниот штаб на Барселона, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Шарунас Јасикевичиус ќе биде тренер на кошаркарскиот тим на Барселона во наредните три години. Потпишаниот договор важи до 30 јуни 2023 година“, соопшти денеска управата на каталонскиот клуб на Твитер.
Раководството на Барселона вчера го отпушти тренерот Светислав Пешиќ кој со каталонскиот тим не успеа да ја освои титулата првак на Шпанија, која ја освои Басконија Виториа-Гастеиз.
Славниот литвански кошаркар Јасикевичиус и како играч настапуваше четири години за Барселона.
Четирите титули на Евролигата и титулата на Евробаскет во 2003 година се некои од бројните трофеи кои Јасикевичиус ги освои во богатата кариера која ја заврши и во тренерските води заплови во 2014 година. Првата работа како тренер ја имаше во Жалгирис Каунас.