Emre Aşıkçı
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори, изјави дека е апсолутно невозможно да се одложуваат игрите во главниот град на Јапонија кои треба да се одржат во лето, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Да се има дури и полесно чувство на неизвесност влијае на сѐ. Сѐ што можам да кажам е дека ќе продолжиме со нашите подготовки“, рече Јоширо на собирот кој во Токио го организира јапонската новинска агенција „Кјодо“.
Летните олимписки и параолимписки игри во Токио не се одржаа минатата година поради пандемијата од Ковид-19 и се одложија за јули и август оваа година.
„Секогаш ќе осамнуваат утра, па дури и по долгите ноќи. Работиме заедно да го надминеме овој голем предизвик“, порача Јоширо.
Владата на Јапонија минатиот месец го зголеми буџетот за Олимпијадата на 15,7 милијарди долари, што е за 2,8 милијарди повеќе во однос на првобитниот план.
Од Владата најавија дека Олимпијадата ќе биде одржана со стриктно почитување на сите епидемиолошки мерки и препораки.
Летните олимписки игри во Токио најавени се за периодот од 23 јули до 8 август оваа година, а Параолимписките игри се на распоред од 24 август до 5 септември.