Yunus Kaymaz
18 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Раководството на францускиот прволигаш Монако соопшти дека искусниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас ќе го напушти клубот по истекот на договорот кон крајот на овој месец, известува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси, Фабрегас, минатата сезона имаше проблеми со повредите, поради што одигра само два натпревари во француската Лига 1 во која Монако заврши како третопласиран, зад Марсеј и шампионот ПСЖ.
„Фудбалскиот клуб Монако му се заблагодарува на Сеск Фабрегас на сѐ што стори за клубот и му посакува сѐ најдобро во иднина. Moltes gracies, Cesc!“ (Многу ти благодариме, Сеск!)
Фабрегас во Монако пристигна во јануари 2019 година, а во претходните изјави за медиумите рече дека уште планира дали да ја заврши играчката кариера.
„Сигурно е дека е готово меѓу Монако и мене. Договорот ми истекува во јуни и барам нов почеток. На мојата глава ѝ е потребен нов почеток, на некое друго место“, рече Фабрегас неодамна за францускиот весник „So Foot“.
Тој рече дека оваа сезона му била најлошата во кариерата и во животот, бидејќи кога не е исполнет во фудбалот, не може да биде ниту физички силен, ниту среќен.