Nazlı Yüzbaşıoğlu
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
АНКАРА (АА) – Министерот за надврешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Анкара, каде учествува на петтата сесија на состанокот на Заедничката економска комисија (КЕК) на Турција-Унгарија, за Anadolu Agency (AA) зборуваше за своите проценки во врска со билатералните односи меѓу двете земји, за Европска Унија (ЕУ) и бегалската криза.
Сијарто смета дека е потребно да им се даде поголема поддршка на регионалните земји кои се грижат за бегалците, како што се Турција, Јордан и Либан и додаде:
„Не треба да ги охрабриме луѓето да изминуваат илјадници километри на илегален начин и да го ризикуваат сопствениот живот. Длабоко ја почитуваме Турција за она што го прави за бегаците. Поради тоа постојано и препорачуваме на ЕУ да ја плаќа договорената сума кон Турција во согласност со нивниот договор за бегалците. Доколку не функционира договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците, тогаш лесно може да биде под притисок западно-балканската рута. Имајќи ги во предвид постојаните услови, кризи и нестабилности на Западниот Балкан, неизбежно е дека нашите граници за кратко време ќе останат под голем притисок. Затоа, не треба да ја критикуваме Турција. Колку земјите на ЕУ ќе ја критикуваат Турција, толку тие ќе придонесат за можна нестабилност во земјата.“
- „Ние се солидаризираме со Турција во борбата против тероризмот“
Истакнувајќи дека имаат блиска соработка со турските власти во врска со борбата против тероризмот, Сијарто рече:
„Се солидаризираме со турскиот претседател и со турската Влада. Апсолутно не го прифаќаме меѓунардониот став, кон лицата инволвирани во обидот за државен удар, кон лицата кои се обиделе да ги убијат лидерите на Турција избрани на демократски начин, став кој вели ‘треба да бидеме внимателни во почитувањето на правата и на овие лица’. Тука не треба да се применува дволичен став. Имате обид за државниот удар врз ракводство кое е избрано на демократски начин, кој претставува терористички напад."