Seyit Ahmet Aytaç
18 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Шефот за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун, изјави дека Турција нема да запре додека не ги искорени терористите од соседна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема да запреме додека не го исцедиме терористичкото мочуриште во Сирија. Нема да застанеме додека не биде задоволена правдата“, напиша Алтун на социјалната мрежа Твитер.
„Терористите од 2015 година убија повеќе од 2.000 невини луѓе во Турција. Многу од тие напади беа планирани во северна Сирија. Турскиот народ претрпе премногу“, додаде Алтун.
Турција има кажано дека наскоро ќе започне антитерористичка операција во северна Сирија, источно од реката Ефуфрат, чија цел ќе бидат терористите на ПКК/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.