Kerem Kocalar
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Додека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ на Турските вооружени сили и коалициските воздухопловни сили се расчистува областа од терористичките организации, истовремено се подготвува теренот за безбедно враќање во својата земја на цивилите кои долго време имаа статус на бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Општина Газиантеп, Фатма Шахин, во изјава за АА рече дека има сериозна разлика меѓу операциите којшто се извшуваат во регионот од страна на коалициските сили и операциите на Турските вооружени сили.
Шахин потсети дека поради граѓанската војна која веќе шест годишни трае во Сирија, во последно време терористичките организации кои претставуваа сериозна закана, особено во областите близу турската граница кои беа под контрола на терористите, благодарение на операциите, се оддалечуваат од регионот и во овој контекст има ефективни резултати.
Шахин додаде дека при извршувањето на сите овие активности била покажана максимална внимателност за да не му се наштети на цивилното население и продолжи:
„Во областа операции извршуваат и коалициските сили. Кога тие започнуваат со своите операции, уништуваат сѐ. Нашите војници при извршувањето на операциите, внимавајќи на цивилите, внимаваат и на останатиот животински и растителен свет, без да му се наштети никому и се формира безбедно подрачје. Без да му се наштети никому, Турските вооружени сили ја покажаа својата чувствителност. Џарабулус е најдобар пример за тоа. Тој модел треба да им биде пример на останатите“, рече Шахин.
- „Единствени губитници се терористите“
Доц. д-р. Али Сердар Ердурмаз, член на Одделот за политички науки и меѓународни односи на факултет за економија и аминистративни и општествени науки при универзитетот "Хасан Калјонџу" истакна дека човечката, правната и социјалната чуствителност на Турција е наследена од историјата и дека оваа чуствителност ја покажа и за врема на операцијата "Штитот на Еуфрат".
Основа на операцијата е обезбедување на животите и имотот, формирање на спокојна средина и гледано од денешен аспект, операцијата ја постигнала својата цел, рече Ердурмаз и додаде: „Турција, во оваа операција употребувајќи ја најновата техонологија дејствуваше многу планирано. Според информациите добиени од разнузнавачките извори, беа напаѓани позициите на терористите. Таа не ги бомбардираше луѓето како што тоа го направија други земји, велејќи дека ќе донесат мир. Единствените губитници во операцијата "Штитот на Еуфрат" се терористите. Тоа и беше целта на оваа операција“, рече тој.
Наведувајќи дека во врска со Џараблус Турција била искрена и дека застанала зад дадениот збор, Ердурмаз додаде:
„Отсега Турција ќе биде уште посилна на масата во врска со обезбедувањето на мирот во Сирија, бидејќи позитивните работи којшто ги направи се на виделина. Џарабулус ги зацврсти позициите на Турција во обезбедувањето на мирот во Сирија. Оваа операција покажа како се носи мирот, и како се расчистуваат терористите. Оваа реализација која е за пример, беше благонаклоно оценета од различни земји од светот во своите извештаи.
- „Доколку Турција направеше погрешен чекор...“
Членот на извршниот комитет на Фондацијата за Хуманитарна Помош ИХХ, Осман Аталај, рече дека во досегашните оружени операции на различни земји надвор од сопствените граници, се среќавал со информации за загнати цивили, но истакна дека тоа не е случај со операцијата "Штитот на Еуфрат".
Истакнувајќи дека различни земји којшто се вклучени во операции во Сирија се сочуваат со различни платформи и дека тоа што никој до сега ја нема критикувано Турција за операцијата во Џарабулус, само покажува и докажува дека Турција е во право, рече Аталај и додаде:
„ДАЕШ започна да станува закана за турските граници, за градовите и за граѓаните на Турција. Турција ја започна оваа операција за да обезбеди мир во својата земја. Затоа Турција со право отиде во Џарабулус. Таа многу внимателно влезе во Џарабулус. Таа ги отстрани терористите кои се наоѓаа таму, а притоа ни најмалку не им наштети на тамошните луѓе, куќи, трговските објекти. Пред операцијата, Џарабулус беше 80 отсто напуштен, а по операцијата раселените се вратија во сопствената земја. Исто така и тие којшто се наоѓаа во руралните средини се вратија во Џарабулус. Значи, Турција направи добра работа и операцијата во Џарабулус не донесе немири и смрт, туку мир“.
За време на доставувањето на хуманитарната помош надвор од границите на Турција, Аталај често бил сведок на довербата на Сиријците кон Турција и дека поради хуманитарните акции во Џарабулус имал можност да го види задоволството на тамошното население.
Аталај истакна дека при средбите со Сиријците можел да го зебележи задоволството на нивните лица и додаде: „Ако Турција направеше нешто погрешно, Џарабулус немаше да биде заедно со својот народ, луѓето нема да го гледаа како привлечен центар. Исправноста на направеното го покажува враќањето на луѓето."