Ferdi Türkten
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија (АА), Сердар Караѓоз, истакна дека АА пред 102 години била основана со цел да се води борба против империјализмот, неправдата, прекршувањето на човековите права и родовата нееднаквост, а денес сакаат оваа борба да ја доведат на меѓународна сцена.
По повод 102-годишнината од основањето на АА беше одржана церемонија, на која учествуваа замениците на генералниот директор, Јусуф Озхан и Енис Перу, како и вработените во агенцијата.
Караѓоз во своето обраќање на оваа церемонија рече дека нивната најголема инспирација е приказната за основањето на АА.
Според него, агенцијата функционира 102 години и дека АА пред 102 години водела борба за спасување на својата татковина против империјализмот и неправдата.


„Од приказната за основањето на АА можеме де привлечеме бројни лекции и мотивации. Ние сме новинска агенција која е основана пред 102 години со цел да се води борба против империјализмот. Се спаси Анадолија, се спаси татковината“, рече Караѓоз, додавајќи дека АА пред 102 години била основана со цел да се води борба против империјализмот, неправдата, прекршувањето на човековите права и родовата нееднаквост, а денес сакаат оваа борба да ја доведат на меѓународна сцена.
Караѓоз информира дека ја обновиле инфраструктурата на агенцијата и дека се подготвуваат за интернационализација.
„Една од работите за кои сме најмногу возбудени е нашиот проект наречен „Агенција Анадолија“. Во нашата 102-годишнина, борбата против неправдата на глобално ниво ќе ја водиме во рамки на Агенција Анадолија. Во рамки на оваа наша стратегија за интернационализација наскоро ќе го отвориме нашиот Меѓународен оперативен центар во Истанбул“, истакна Караѓоз, и додаде дека сите меѓународни операции ќе бидат извршени во тој центар.

„Ние сме институција која информира, една веродостојна институција, но и институција која поседува една мисија“, истакна тој, информирајќи и за новите проекти, како и за основањето на Сервисот за животна средина, Сервисот за борба против дискриминација и за други проекти.
Истакнувајќи дека прашањето за животната средина е многу важно прашање, Караѓоз нагласи дека во Турција нема друг пример сличен на Сервисот за животна средина, а дека во светот може да се најдат многу ретки примери за тоа.
Караѓоз рече дека отсега понатаму АА ќе биде претставена и на меѓународните состаноци за животна средина и дека ќе биде покажана како референца во оваа насока.
Тој укажа на важноста на борбата против дискриминацијата, и рече дека прашањата во врска со расизмот, антиисламизмот, родовата нееднаквост ќе бидат следени од страна на новинари и уредници кои се експерти во оваа насока. Караѓоз нагласи дека подготвена е инфраструктура за сиве овие проекти.