Gökhan Yılmaz
26 Ноември 2022•Ажурирај: 28 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ e најфреквентниот аеродром во Европа во периодот од 18 до 24 ноември, покажуваат податоците на Европската агенција за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека аеродромот „Истанбул“ е најфреквентниот аеродром во Европа со просечни 1.220 летови дневно во периодот од 18 до 24 ноември.
Зад „Истанбул“, на второ место е лондонскиот аеродром „Хитроу“ со просек од 1.143 летови дневно, а на трето место е парискиот аеродром „Шарл де Гол“ со 1.106 летови.