Muhammed Boztepe
21 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, генералот Хулуси Акар, изјави дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ на турските сили во Сирија, се преземени сите потребни мерки за цивилите да не бидат загрозени, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека мети за време на операцијата во Африн ќе бидат само терористите и нивните упоришта. „Во рамките на планирање на операцијата нагласено е мети да бидат само терористите како и нивните упоришта, возила, оружје и опрема“, изјави Акар.
Тој повтори дека операцијата „Маслинова гранка“ ја започнале, за да помогнат на пријателскиот и братски народ на тоа подрачје, да се спаси од притисокот и насилството на терористичките организации и за да ги неутрализираат терористите на ДЕАШ и ПКК/КЏК/ПЈД-JПГ.
Тој истакна дека операцијата ќе се спроведува во рамките на меѓународното право и постоечките конвенции на Советот за безбедност на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Додаде дека за време на операцијата турските сили ќе го почитуваат територијалниот интегритет на Сирија.