Burak Bir
01 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на Одделот за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денеска изјави дека Турција е решена да продолжи напред со својата борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Жално е за креаторите на политиката на САД и политичарите да си дозволат да бидат уценувани од лобистите на терористичката организација“, напиша Фахретин Алтун на англиски јазик на Твитер.
Тој додаде дека земјите што создаваат врски со терористички групи се одговорни за нарушување на стратешките односи со Турција, нивниот сојузник во НАТО.
Турција ги критикуваше САД и Франција (две членки на НАТО) поради тоа што имаат врски со терористичката организација ЈПГ/ПКК.
„Секој обид да се спречи посветеноста на Турција е неважечки за нас“, изјави Алтун, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека Турција е решена да продолжи со своите антитерористички напори.
Тој додаде дека со антитерористичките операции Турција осигурува безбедност за турскиот народ и народот низ светот.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот“, на североистокот на Сирија, со цел елиминација на терористичките елементи на ЈПГ/ПКК поради обезбедување на турската граница и овозможување на доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.